Дадилката која го тепаше двегодишното дете во притвор

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска доцна попладне, пред судија не претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше спроведена Ж.П. поради основано сомнение дека сторила кривично дело – запуштање и малтретирање  на дете од чл. 201 ст.1 од КЗ.

По разгледување и ценење на предлогот и наводите на обвинетата, судија на претходна постапка увиде дека во однос на видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое се товари осомничената, висината на предвидената казна, податокот дека се работи за кривично дело против бракот и семејството како и личните прилики на обвинетата, постои оправданост дека осомничената може да се даде во бегство.

Потоа постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решение со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена согласно одредбите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе