Четворица скопјани фатени со марихуана

Четворица скопјани во текот на минатиот ден биле фатени со марихуана, а кај едниот од нив била пронајдена и прашкаста материја. Се работи за три одделни случаи. 

Вчера во 11.50 часот на регионален пат за ХЕЦ Козјак полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(39) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана, се вели во билтенот на МВР.

Вчера во 23.20 часот на ул.„Орце Николов" во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е(26) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

Синоќа во 02.30 часот во с.Горно Нерези, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(27) и И.Д.(26), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив биле пронајдени марихуана и ризли, велат од МВР.

Во сите случаи по целосно документирање од МВР велат дека ќе следат соодветни поднесоци. 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе