СВР Скопје

Четворица повредени во страшната сообраќајка вчера во Скопје

Пешак, двајца патници и возачот на автомобиолот „бмв“ биле повредени во страшната сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи кај Соборен Храм, во центарот на Скопје.

Според полицијата, тешко бил повреден Д.Б. (65) од скопското село Волково, кој по сообраќајката бил однесен во Клиничкиот центар каде што е задржан на лекување. Полесно биле повредени возачот на автомобилот „бмв“ Б.Т.(29), и сопатниците во двата автомобили Д.В.(40) и В.И. (56).

Истрагата утврдила дека сообраќајната несреќа се случила во 20 часот, на крстосницата од булеварите Партизански одреди и Свети Климент Охридски.

Автомобил „бмв“ што го управувал Б.Т.(29) од Скопје и такси возило „мерцедес“, управувано од К.И. (65) од Скопје. Од јачината на ударот, еден од автомобилите се излизгал и удрил во пешакот Д.Б. кој стоел на тротоарот.

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе