Четворица повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце

Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на регионалниот пат Тетово-Јажинце, соопшти МВР.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.О.(50) од тетовско Орашје и патничко возило „шевролет“, управувано од Ф.А.(33) од тетовско Шемшево, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А(62) од С.Шемшево, сопатник во возилото „шевролет“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „шевролет“ С.А.(43), констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе