Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до надлежен суд поднесе два предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени  вкупно четири лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при прекршување на полицискиот час, односно непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот за сите четворица обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе