Четворица настрадани во еден ден, вчерашниот еден од најтрагичните денови годинава

Возач загинал во сообраќајка, момче се удавило во реката Пчиња, настрадал работник на градилиште и момче починало откако му паднало дрво на глава, сите овие несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден и рано утринава.

Вчера претпладне во СВР Скопје од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С. (63) од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во нас. Радишани.

Имено, според пријавеното, околу 08 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

Четириесет и петгодишен кумановец со иницијали Т.Т. рано утринава околу 02:20 часот го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, кумановецот управувајќи патничко моторно возило „голф“ излетал од патот на крстосницата меѓу населбите Ајдучка чешма и Перо Чичо, по што загинал на лице место.

Скопјанец на возраст од 27 години вчера попладне загинал при сеча на дрва.

Дежурен лекар од Итната помош во Ресен во полиција пријавил дека во селото Брајчино, при сеча на дрва, едно дрво го удрило И.С.(27) од Скопје по главата. Од силината на ударот тој починал. Смртта била констатирана од лекар на Итната помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција.

Според првичните информации на СВР Куманово, момчето ро дено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил.

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе