МВР

Четиринаесет лица од Берово и едно од Пехчево организирале забава

Четиринаесет лица од Берово и едно од Пехчево организирале и биле дел забава во угостителски објект во Берово. Лицата се на возраст од 21 до 38 години.

„Петнаесеттемина учесници на журката, но и гостителскиот објект заработија кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите на СВР-Штип пријавените на 17 јануари, околу 18.25 часот во просториите на правниот субјект во Берово организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што за време на епидемија не се придржувале според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување“, информираат од МВР.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе