Четири лица заработија кривични пријави за пустошење шуми

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривични пријави против четири лица за пустошење шуми и злоупотреба на службената положба.

Поднесена е кривична пријава против Д.Т. од Кочани, референт во Шумско стопанство Осогово Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување", Б.Д. од Кочани, поранешен директор на Шумско стопанство „Осогово" Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата" и „фалсификување и уништување деловни книги", Н.Е. од Кочани, референт во Шумско стопанство „Осогово" Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата" и „фалсификување и уништување деловни книги" и против правно лице од Кочани и В.Т. од Кочани, управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набава или јавно – приватно партнерство" и „пустошење шума", соопшти МВР.

Оттаму посочуваат дека вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми" – Подружница Шумско стопанство „Осогово" Кочани, искористувајќи ги своите овластувања и постапувајќи несовесно во извршувањето на своите работни задачи, со пропуштање должен надзор во извршувањето на шумарски услуги и со фалсификување и уништување на деловни книги, му овозможиле на правното лице да ги злоупотреби доделените договори и да изврши пустошење на млада шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.578.019 денари на штета на Јавното претпријатие „Национални шуми".

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе