Четири лица приведени под сомнение за кражби од банкомати

Полициски службеници вчера извршиле повеќе претреси во селото Долно Свиларе, Општина Сарај, при што се приведени четири лица за кривични дела „тешка кражба" на банкомати на банка во Кичево, соопшти МВР.

„Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и предмети поврзани со извршени кривични дела. Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба" на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали“, информираат од МВР.

Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе