Тешка сообраќајка во Скопје

Четири лица повредени во верижен судир

Четири лица се повредени вчеравечер во Скопје на ул „Џон Кенеди“ по случена верижна сообраќајка помеѓу три возила и едно паркирано возило. Во несреќата, како што соопштува МВР повредени се четири лица.

„Вчера во 21.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди" во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(67) од Скопје, патничко моторно возило алфа ромео со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (20) од Скопје, патничко моторно возило шкода фабиа со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(29) од Скопје и паркирано патничко моторно возило шкода со скопски регистарски ознаки, паркирано од Е.М.(47) од Скопје“, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото шкода фабиа С.Ч.(61), а со телесни повреди се здобиле Р.И., сопатникот од истото возило Б.Т.(21) од Скопје и В.Ч.(29), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски".

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ФОТО: Архива

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе