Четири лица повредени во тешка сообраќајка кај село Љуботен

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера во скопското село Љуботен. Меѓу нив и едно малолетно дете. 

Во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило фиат со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото мерцедес, Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски" и Комплексот клиники „Мајка Тереза". 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе