Рано утрово

Четири лица повредени во судар на две возила на патот Штип - Кочани

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која случи утринава во 6.50 часот на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Крупиште. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека двајца од овредените се хоспитализирани во болницата со тешки телесни повреди, а двајца од повредените по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Фото: Архива

„Двајцата тешко повредени пациенти се на снимање и иследување. Прегледани се од ортопед и хирург. Состојбата на пациентите се следи“, вели Шуманска.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека до несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила, но додаде дека за причините кои довеле до сударот ќе може дополнително да даде информации.

Истрражителите извршиле увид на местото на сударот..

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе