Во близина на надвозникот кај Ржаничино

Четири лица повредени откако возило излета од патот

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство", во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „цитроен ксара пикасо" со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски".

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе