Четири лица потешко повредени во сообраќајка кај пехчевско Чифлик

Во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик, потешко повредени се четири лица. Несреќата се случила околу 18:00 часот помеѓу фиат пунто и хјундаи галопер, а веднаш по дојавата интервенирала единицата на Територијалната противпожарна единица од Берово.

„Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило се упати на лице место Интервенирано е со хидрауличен алат за да може да биде изваден еден од возачите кој се наоѓаше во возилото фиат пунто кој потоа го предадовме на службите на Итната медицинска помош, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Возачот на автомобилот фиат пунто заедно со останатите повредени се транспортирани до најблиските клинички центри,“ потврдија од Итната медицинска помош во Берово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на МВР Берово. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе