Четири лица, меѓу кои и малолетник фатени со марихуана на „Три круши“ во Драчево

Четири лица, меѓу кои и еден малолетник се приведени вчера во село Драчево. Полицијата ги затекнала на местото викано „Три круши" и кај нив била најдена марихуана.

„Вчера во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Драчево, на место викано „Три круши", ги лишиле од слобода Д.Г.(37), О.С.(24), Н.Ѓ.(21) и 17 годишник, сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана", велат од МВР.

 

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе