Четири кривични пријави за производство и продажба на наркотици

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(20) од тетовското село Џепчиште, Г.Р.(24) и Б.Р.(25), двајцата од тетовското село Порој, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на употреба на наркотични дроги”. 

На 22 декември лани, на локалниот пат село Џепчиште-с. Требош, тетовско, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од второпријавениот, а прво и третопријавениот биле сопатници, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово, пак, поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 13 март годинава во кумановското село Черкези, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Пасат Вариант”, при што пронашле и одзеле хероин.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе