Царината заплени 12 килограми екстази со проценета вредност од 200 илјади евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава. Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против три лица, соопштија од Царинската управа.

Според Царинската управа, наркотичната дрога е пронајдена на ден 25.11.2022 во раните утрински часови на влез на граничниот премин Табановце, по извршена царинска контрола со мобилен скенер на патничко возило со странски регистарски таблички управувано од македонски државјанин.

„Истиот ден по издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на инспекторите од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје и МВР-ОКП-единици за недозволена трговија со дрога, извршени се претреси на неколку адреси во Скопје и Тетово. Притоа се пронајдени дополнителни докази и се приведени уште две лица“, велат од Царинската управа.

Поради ова, Царинската управа - Секторот за контрола и истраги денеска до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 3 лица за сторено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни суптанци и прекурсори" и за истите е предложена мерка притвор од 30 дена.

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе