Царинарници запленија 113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари, во Тетово инцидент

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) денеска спроведоа две акции против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.

Двете акции паралелно се спроведоа во Скопје и Тетово. Во Тетово службените лица при претресот беа брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои ѝ се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава. Оттука Царинската управа и ДПИ порачуваат дека и покрај сите опструкции ќе продолжат да се борат против сивата економија и нелегалната продажба на тутунските производи ширум државата, се вели во соопштението на Царинската управа.

Во акциите се запленети 113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.

 

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе