Царина: Откриен хероин и запленети девизи и фалсификувани обувки (ФОТО)

Еден обид за криумчарење хероин и неколку обиди за криумчарење разна стока, откриле во текот на минатата недела царинските службеници, при што привремено се задржани автомобил со бункер, автоделови, девизи и фалсификати.

„На 13 март околу 13:30 часот, на граничниот премин Табановце автопат за излез од државата се пријавил швајцарски автобус кој сообраќал на релација Струга – Берн. При контрола на автобусот, кај последниот ред седишта, под седиштето до прозорот, била пронајдена кеса со две пресувани пакувања со по околу 500 грама хероин.

Еден албански автомобил и 22 резервни делови за товарни возила, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на албански автомобил марка „Форд Фокус“, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, во просторот наменет за резервно тркало бил откриен дополнително вграден резервоар за гориво, одвоен од постоечкиот резервоар, кој според изјавата на возачот имал капацитет од околу 20 литри.

Во вториот случај, во багажникот на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, биле пронајдени 22 резервни делови за товарни возила (гуртни и цилиндри за кочници).

Автомобилот со бункер и непријавените автоделови се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Мобилните царински тимови откриле 1.780 евра при личен претрес на македонски државјанин кој, со македонски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во торбичка на возачот биле пронајдени 3.780 евра за кои не поседувал документ потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Цариниците откриле 4.920 пара спортски обувки со лого на заштитена трговска марка при контрола на македонски камион, натоварен со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде започната постапка за докажување на нивната оригиналност“, соопштуваат од Царината.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе