Сообраќајна контрола во Скопје

Брзо се вози низ Скопје - казнети 41 возач

За време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје полицијата изрече 41 казна за брзо возење, што е речиси една третина од сите казни за различни видови на прекршоци.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, три за управување возило под дејство на алкохол, седум за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, седум за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за прекршоци што ги чинат пешаците, две за непочитување на првенство на минување, три за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 46 за непрописно паркирање“, информира МВР и предупредува дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе