Обвинителство - Гостивар

Браќа обвинети затоа што ја натепале и мајката на една од своите жртви

Против двajца браќа е поднесено обвинение затоа што повредиле  жена која притрчала да му помогне на својот син, кој со уште едно лице, биле наpаднати од сега обвинетите лица. 

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар. Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото. Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања. Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото“, соопшти Обвинителството.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе