Бомба пронајдена покрај брегот на Мавровско Eзеро

Гостиварецот С.Ш.(36) вчера пријавил во полиција дека покрај брегот на Мавровското Eзеро, помеѓу село Леуново и село Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа.

„Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе