Во скопско Радишани

„БМВ“ удри во полициско возило, повредени двајца полицајци (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во близина на скопското село Радишани.

Три лица, од кои двајца полицајци, се повредени утрово во сообраќајна несреќа што се случила во 5.20 часот на обиколницата во близина на клучката Радишани.

Според првичните информации добиени од МВР, лицето З.П. (1989) од Тетово, управувајќи моторно возило Бе-Ем-Ве, удрило во автомобил „Шкода Јети" во кој биле двајца полициски службеници.

 

Полицајците се здобиле со повреди и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза", а возачот во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски".

ФОТО: АЛСАТ

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе