Сообраќајка во Берово

Со џип удрил во метална ограда, тешко повредена 17-годишна девојка

Девојка на возраст од 17 години е тешко повредена откако џипот БМВ Х 5 во кој се превезувала удрило во метална ограда. Повредената девојка била сопатничка во возилото и по сообраќајката која се случила во Берово, со возило на Итна медицинска помош била префрлена во болница.

Сообраќајката се случила ноќеска, 2 часа по полноќ во Берово на раскрсницата од улицата „Пионерска" и улицата „Карпош" кога патничко моторно возило БМВ X5 со бугарски таблички, управувано од М.К.(31) од Берово, удрило во метална ограда од двор.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 17 годишна сопатничка, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип, а потоа во Комплексот клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово и се утврдуваат причините за сообраќајката. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе