Близу 2.000 сообраќајни прекршоци во Тетово за само еден месец

Во текот на јули годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни редовни и 24 акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1.914 различни видови неправилности.

Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 53 возила, од кои 43 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 10 поради утврдена техничка неисправност.

„Во јули, исто така, од сообраќај биле исклучени и 208 возачи, од кои 133 управувале без возачка дозвола, 25 под дејство на алкохол, 33 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, шест со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 33 возила заради истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 48 возачки и 32 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба" вкупно подигнала 448 непрописно паркирани возила.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе