Битолчанец загина во сообраќајка на патот од Охрид кон Свети Наум

Едно лице го загуби животот, пет се потешко повредени во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот „Инекс“.

До несреќата, која се случила во 1:40 часот изутринава, дошло при судир на три возила – ситроен Ц3 со битолски таблички, фолксваген голф со охридски и фолксваген пасат со прилепски регистарски таблички. Со ситроенот управувал И.К (27) од Битола, кој со тешки телесни повреди бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде што им подлегнал на повредите добиени во несреќата.

Во сообраќајката се повредени уште неколку лица, од кои пет лица потешко. Повредените М.С. (27) од Битола и И.М. (23) од Струга се префрлени на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека Д.Р. (25) од Скопје, Б.Р. (23) од Охрид и уште едно лице од Битола се хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо“.

Две лица повредени во несреќата по дадената лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Екипа на полицијата, заедно со јавен обвинител и судски вештак, изврши увид на самото место, за утврдување на причините и околностите што довеле до несреќата. 

МИА

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе