Битолчанец во притвор, осомничен е за кражба на злато

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело, тешка кражба. Оценувајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај" во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, ланци, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра.

Потоа веднаш со трчање го напуштил објектот на златарницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од значителна вредност, информираат од Јавното обвинителство.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе