Битолчанец се заканувал на социјални мрежи, па го фатиле со нож на улица

Кривична пријава против В.Р.(39) од Битола, поднесе СВР Битола поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста".

На 07.09.2022 околу 18.00 часот, пријавениот на свој профил на социјална мрежа, објавил видео запис со заканувачка содржина кон Н.Ѓ.(57) од Битола и кон други лица, а околу 16.00 часот било пријавено дека во Битола, на ул. „Васко Карангелески", пријавениот носел нож и претставувал опасност за граѓаните, по што бил приведен од полициски службеници.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе