Битолчанец пуштил во промет 12.500 фалсификувани евра, доби кривична пријава

Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на БЈБ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З.Т.(23) од Битола, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавениот во текот на 2021 година набавил лажни пари, и тоа вкупно 25 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 евра, за кои знаел дека се фалсификувани, со намера да ги пушти во оптек како вистински. На 15.06.2021 З.Т. најпрво пуштил во промет 5 фалсификувани банкноти од по 500 евра во филијала на банка во Скопје, без да бидат забележани од страна на вработениот во банката дека се фалсификат, по што на 17.06.2021 повторно пуштил во промет 20 фалсификувани банкноти од по 500 евра, во истата банка.

Со ова пријавениот З.Т. пуштил во промет вкупно 12.500 фалсификувани евра, со што се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 766.250 денари, на штета на банката, со што ги извршил кривичните дела  „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 „продолжено кривично дело“ од Кривичниот законик.

 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе