Биле агресивни кон полицајците оти ги претресувале додека криеле марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од полициската станица Битола и криминалистичката полиција на СВР Битола на ул.„Мирка Гинова“ во Битола биле лишени од слобода П.Д.(35) и Х.Б.(21), двајцата од Битола, затоа што кај нив се пронајдени две пакувања со марихуана и боксирач.
Како што соопштија денеска од МВР, тие се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства.
Лицата се приведени и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството.
Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.