Jaвно обвинителство

Бил позитивен на ковид-19 па и го прекршил полицискиот час и заминал за Швајцарија

Јавното обвинителство од Гостивар бара од судот гостиварец да биде казнет со 100 дневни глоби. Тој иако имал позитивен тест на коронавирусот, не само што не ја почитувал изолацијата како мерка, туку и го прекшил полицискиот час и тргнал за Швајцарија. Скопското обвинителство бара со по 2.000 евра да бидат казнети три лица кои го прекршиле полицискиот час.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против 44-годишен гостиварец кој го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

„Обвинетиот на 5 мај 2021 година за време на епидемија, постапил спротивно на упатствата и прописите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест ковид-19. Тој се тестирал со ПЦР тест за присуство на SARS Cov 2, по што од извршените тестирања било потврдено дека е позитивен на вирусот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат му издал решение за домашна изолација. Но, обвинетиот го напуштил живеалиштето и отпатувал за Швајцарија.

Обвинител од скопското Јавно обвинителство пак, поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на ковид-19. Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност“, информира Обвинителството.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе