Бик уби човек во Гостивар

При истовар од камионка приколка на сточниот пазар во Гостивар, бик со главата го нападнал и удрил својот сопственик нанесувајќи му смртни повреди.

Фото: Архива

СВР Тетово соопшти дека  при истоварање од камион, бикот со главата го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од гостиварското село Врбен.

„Сопственикот се обидувал да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад", каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош.
Набргу тој им подлегнал на повредите“, соопшти тетовската полиција.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе