Безживотно тело на 60-годишна жена е извадено од Вардар

Од водите на реката Вардар e извадено безживотно тело на 60-годишна жена.

Во полиција вчера е пријавено дека во водите на реката има починато женско лице. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извадено, а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

По преземени мерки е констатирано дека се работи за Б.К.(60) од населба Радишани – Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе