На Шар Планина

Најдено безживотно машко тело

Машко безживотно тело претпладнево е пронајдено на Шар Планина по што полициски службеници од Тетово со хеликоптер заминале до местото за да направат увид. Според пријавата, станува збор за тешко пристапен терен во реонот на врвот Кобилица.

Околу 10:55 во СВР Тетово се јавило лице кое се претставило како планинар и пријавало дека забележал безживотно машко тело над селото Вејце и на пат за врвот Кобилица. Според неговата изјава, до телото имало и торба. По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово замина до местото за да се направи увид, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По наредба на тетовското Обвинителство, телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе