Сообраќајна контрола

Без возачка дозвола возеле 14 лица низ Скопје

Сообраќајната полиција казни вкупно 186 учесници во сообраќајот, најмногу од нив - 68 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, а 14 лица возеле иако немале возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот денна територијата на град Скопје изрече вкупно 186 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 68 возачи, 14 санкции за возење без возачка дозвола, 3 за некористење на сигурносен појас.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на затворен сигнал(црвено светло) и 43 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе