Белгиската полиција уапси македонски државјанин кој наместо да седи во карантин, одел на работа

Белгиската полиција уапсила еден вработен во фирма од Хаалтерт, кој бил во посета на Македонија и се вратил на работа без да ги почитува санитарните прописи за ковид-19 кои се во сила во Белгија.

Лицето беше веднаш уапсено и ставено во карантин, соопшти градоначалникот Верле Баејенс.

Според градоначалникот на Хаалтерт, работникот не го пополнил формуларот по неговото враќање од Македонија која е во црвената зона на Ковид-19, и не ја почитувал обврската да се стави во задолжителен карантин.

Постапката на полицијата според него е брза и соодветна.

Лицето беше тестирано и резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Во зависност од нив, ќе бидат преземени и мерки во претпријатието, додаде градоначалникот.

Преторијатието и вработените беа информирани за настанот, а несовесниот работник, ризикува и парична казна за непочитување на мерките против ковид-19.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе