Бегалец осуден за нелегална трговија со оружје спроведен во затворот во Идризово

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.00 часот, го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Слупчане, општина Липково.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи" по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе