Бегалец осуден на затвор од 4 години спроведен на издржување на казната

Полицијата вчеравечер во Скопје приведе 61-годишен скопјанец за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело даночно затајување. Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Фото: Пиксабеј

На 24 февруари 2022 во 20 часот на улица „Гемиџиска" во Скопје, Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(61) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело „даночно затајување" по член 279 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе