Бегалец од затвор фатен и вратен зад решетки

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 13:50 часот во село Ангелци, локален пат за село Градошорци, струмичко, го лишиле од слобода О.П.(46) од село Ангелци. 

„Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба" по член 238 од Кривичниот законик и за него била распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа затвор Струмица за доиздржување на 13 месеци од казната“, соопштои МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе