Бегалец баран по потерница во затвор за тешка кражба

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Д.С.(33) кој бил баран по централна потерница на Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, односно за тешка кражба. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, скопјанецот кој бил приведен во 11:50 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе