Во Скопје

Бегал со автомобил од полицијата, во возилото му пронашле три килограми марихуана

Вчера во патничко моторно возило „Пасат караван" со скопски регистерски таблици полицијата пронашла три килограми марихуана.

 

Како што информираат од МВР, вчера околу 19:10 часот од страна на полициски службеници кои извршувале редовни активности од областа на сообраќајот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ и улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, при издадена наредба за запирање на патничко моторно возило „Пасат караван“ со скопски регистерски таблици, возачот не запрел туку продолжил со движење. Веднаш се преземени мерки и активности за негово запирање и на регионалниот пат Хиподром- Катланово во близина на Сточен пазар возилото било запрено. Утврдено е дека возилото го управува Р.Б.(27) од Скопје и при преглед во возилото биле пронајдени околу три килограми марихуана.

Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе