Кај Струмица

Автомобил заврши во нива, повредените извлечени со сечење на каросеријата

Две лица се повредени и пренесени во болница откако автомобилот во кој се наоѓале излетал од патот. Пожарникари ги извлекоа повредените.

Сообраќајната несреќа се случи попладнево во 17.30 часот на локалниот пат кон селото Добрашинци, откако автомобилот со кој се превезувале завршил во нива покрај коловозот.

Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека полицијата врши увид.

Повредените од автомобилот биле извлечени од пожарникарите, кои ги предале на екипа на итната медицинска помош и се пренесени во струмичката болница

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе