Автомобил удрил во бетонски ѕид, повредена сопатничка

Сопатничка била тешко повредена кога автомобилот во кој се возела удрил во бетонски ѕид, утрово на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 4.30 часот, во близина на Ростушки мост. Автомобил „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.А. (55) од село Бајрамовци, Центар Жупа, изгубил контрола и удрил во бетонски заштитен sид.

Од ударот со тешки повреди се здобила сопатничка во возилото, Д.М. од Скудриње. По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и во болницата во Дебар, таа била пренесена во болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе