Автомобил паднал во одводен канал, возачот тешко повреден

Жител на прилепското село Сенокос бил тешко повреден вчера кога со автомобилот што го управувал излетал од патот и паднал во одводен канал во близина на Прилеп.

МВР информира дека сообраќајката се случила на локалниот пат меѓу селата Браилово и Долнени, кај железничката станица Браилово. Автомобилот „форд галакси” без регистарски ознаки, управуван од Д.В.(45) од селото Сенокос,  изгубил контрола и паднал во одводниот канал.

Д.В. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп.

Увид извршила екипа од ПС Прилеп.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе