Автомобил излетал од патот во кумановско Доброшане

Кумановските пожарникари во ноќните часови гаселе пожар на превртен автомобил „голф", на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај Доброшане, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. СВР Куманово информираше дека возилото излетало од коловозот и дека нема повредени лица.

ТППЕ Куманово во текот на ноќта имала интервенција во село Доброшане на превртено патничко возило голф. Пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари од 23:30 до 01: 15 часот, соопшти РЦУК Куманово.

СВР Куманово денеска потврди дека вчера околу 23:30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило „голф", со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ. Ж. (44) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата е причинета само материјална штета, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе