Во Куманово

Автомобил излетал од пат и удрил во пешак и во кабина

Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција“, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.

„Утрово во 06:15 часот  на  булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот  пешак Р.К. од Куманово. Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош“, наведуваат од СВР Куамново. 

Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе