„На 09.09.2020 во 07.34 часот било пријавено дека на локалниот пат во Кочани, место викано „Дабо", с.Бели, патничко возило „фиат пунто" со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.М.(40) од Кочани, излетало од коловозот", се наведува во соопштение од полицијата.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.Т.(25) од Кочани констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.