На автопатот Велес – Скопје

Автомобил излета од автопат, тешко повредена жена

Тешко е повредена жена откако возило излетало од коловозот на автопатот Велес – Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера околу 18.15 часот на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У.(40) од Велес, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе