На ГП Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41) од Гостивар, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
На ГП Табановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60) од Желино, патничко возило комби „форд транзит", управувано од В.Г.(44) од Струмица, патничко возило „опел вектра", управувано од С.Д.(47) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.