Арачиновец застрелан, жител на Сингелиќ прободен со нож по расправија на бензинска

Две лица од селото Сингелиќ и Арачиново синоќа се здобиле со тешки телесни повреди од остар предмет.

Полицијата соопшти дека синоќа во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице. Оттаму посочуваат дека подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди" со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница„Наум Охридски" за укажување на лекарска помош.

„Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники„ Мајка Тереза" бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило„сеат" со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило„голф" со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет“, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе